spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Јавен повик за граѓанските организации за предлог проекти - Регионална програма...

Гостивар: Јавен повик за граѓанските организации за предлог проекти – Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2

ОПШТИНА ГОСТИВАР ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО
РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид. Општина Гостивар и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Гостивар и со кои се опфатени следните приоритетни области:

  1. ОБРАЗОВАНИЕ

1.1. Програми за неформално образование (доживотно учење) и проекти за описменување на населението;

1.2. Стручно образование на населението од областа на социјалните занимања вклучувајќи и:обуки за негуватели на стари и изнемоштени лица, обуки за персонален помошник за лица со моторни и сензорни потешкотии, работни инструктори за лица со попреченост.

  1. ЖИВОТНА СРЕДИНА

2.1. Унапредување и заштита на животната средина, на територија на општина Гостивар.

  1. ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ,  НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА

3.1.    Социјална инклузија на ранливи категории на граѓани особено на маргинализирани лица, деца без родители, лица со попреченост и лица без лична документација:

3.2. Превенција и борба против родово, семејното, училишното и уличното насилство;

3.3.   Здравствена заштита за социјално загрозените семејства;

3.4.  Поддршка на активностите за психо-физичко и ментално здравје како одговор на Codiv пандемијата на ранливите категории

  1. ВРАБОТУВАЊЕ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

4.1.  Поттикнување на активности и програми од областа на вработувањето и самовработувањето, особено за жители кои имаат потешкотии да се вработат: лица со попреченост, лица помлади од 30 години, лица постари од 50 години со посебен акцент на жени, лица припадници на Ромската заедница ;

4.2.  Реализација на активности и програми за развој на алтернативен (планински) туризам особено велосипедизам и планинарење во пределот на Шар Планина и Сува Гора;

4.3. Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделски производи и плодови во Гостиварскиот регион, како и активности и едукација за одгледување на органско производство.

  1. КУЛТУРА И УМЕТНОСТ, МЛАДИ И СПОРТ

5.1. Афирмација на уметноста, традицијата и културното наследство на заедниците на територијата на општина Гостивар;

5.2. Поттикнување на волонтерството кај младите;

5.3. Организирање на разни активности за развој и унапредување на спортот на територијата на Општината преку спортско-рекреативни активности за граѓаните, особено за младите и лицата со попреченост;

5.4. Подигнување на свеста на младите за потребите на лицата со попреченост во развојот со цел нивна инклузија во општеството

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024).

Општина Готивар и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.

ПОДОБНОСТ:
Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации
(асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите
заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за
пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите,
кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Јавниот повик ќе трае од 25.02.2022 (од 9:00 часот) до 25.03.2022 (до 15:00 часот).
Документацијата за јавниот повик за општина Гостивар може да се обезбеди со испраќање на
барање со името на заинтересираната организација на следната е-мејл адреса:
dashmir.osmani@gostivari.gov.mk и snezana.straseska@gostivari.gov.mk или лично на следната
адреса:

Општина Гостивар
Улица: Булевар Браќа Ѓиноски бр.61
Поштенски број: 1230 Гостивар

Релевантните информации, како и електронската верзија на целиот пакет за апликацијата може да се преземат од: www.gostivari.gov.mk . како и на веб страницата на УНДП ( www.mk.undp.org ).
Информативен состанок („отворен ден“) со потенцијалните подносители на предлог проекти во општина Гостивар на ден 28.02.2022 година, со почеток во 10:00 ч во ICan (ул. ЈНА).
Обуките за заинтересираните граѓански организации ќе се одржи на 28.02.2022 (со почеток во 11:00ч) и 01.03.2022 во ICan (ул. ЈНА).
Менторските сесии ќе се одржат онлајн, на 14.03, 17.03, 21.03 и 23.03.2022 (вкупно 4 дена за целото времетраење на повикот).
Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата: registry.mk@undp.org , со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 18.03.2022, a одговорите на барањата ќе се испратат во писмена форма во рок од 3 дена од приемот на барањето. За поголема транспарентност, сите прашања и одговори ќе бидат објавени и на интернет страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:
Пополнетите апликации (со целосната документација) мора да се поднесат во три (3) печатени
копии и една електронска копија (на CD или USB) во запечатен плик со назнака за јавниот
повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 09:00 и
15:00 часот, на следната адреса:

Општина Гостивар
Улица: Булевар Браќа Ѓиноски бр.61
Поштенски број: 1230 Гостивар

Апликациите кои ќе пристигнат по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој е пред официјалниот краен рок.
На надворешната страна на пликото мора да стои повикот за поднесување предлог проекти,целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик.

Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница www.gostivari.gov.mk и на општинската огласна табла.

Aнекс 1 – Предлог проект
Анекс-2 – Предлог-буџет
Анекс 3 – Логичка рамка
Анекс 4 – План-на-активности-и-видливост
Анекс 5 – Формулар-со-административни-податоци
Анекс 7 – Изјава-за-подобност
Анекс 6 – Формулар-со-финансиски-податоци
Анекс 8 – Изјава-за-двојно-финансирање
Анекс 9 – Листа-за-проверка
Анекс 10 – Насоки за подносители-2022
Анекс-11-Цели-на-одржлив-развој
Анекс 12 – Најчести грешки од претходни јавни повици за ГО

Формулар за пристигната документација

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...