Од денеска, 01.03.2022 година, поевтинува зонското паркирање во Скопје. Со новиот ценовник со намалени цени на услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе бидат опфатени отворените јавни паркиралишта во градот.
Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари.
Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влезе во сила на 24 февруари, со добивањето согласност од Советот на Град Скопје, односно по изгласувањето на претходно донесената одлука на седница на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ за намалување на цените за зонско паркирање во градот.
Извор: Град Скопје