spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВладата презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните во услови на...

Владата презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните во услови на светска економска и енергетска криза

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции во континуитет преземаат мерки за заштита на стандардот на домаќинствата во услови на енергетска криза.

Успеавме и во време на кризи да обезбедиме 80.000 работници од први април да добиваат минимална плата од 18.000 денари. Следува и ново зголемување на пензиите откако со редовно законско усогласување минатиот месец пораснаа за 2.9 отсто.

Досега, со брзата и навремена реакција, спречивме енормен раст на сметките за струја откако ги активиравме сите расположливи капацитети за производство на струја со цел намалување на зависноста од скап увоз на струја. На тој начин спречивме ценовен шок за граѓаните и го заштитивме стандардот.

7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а Владата подготвува нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Од јануари до сега 85 милиони евра се дадени во енергетскиот сектор за да се компензира разликата во цената на електричната енергија за домаќинствата и малите претпријатија.

ДДВ-то за електична енергија го намаливме од 18 на 5 отсто со што им помагаме на домаќинствата за намалување на нивните трошоци.

Од први март до 31 мај Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата, односно на мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%. Станува збор за производите кои досега беа замрзнати, а сега се додадени и овошјето и зеленчукот.

СДСМ како одговорна и државотворна партија, останува целосно посветена на заштита на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...