spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Град Скопје: Решени 1.200 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1392 барања, од кои решени се дури 1.200.

Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми од областа на урбанизмот, односно барања  да  се постават заштитни столпчиња за да се заштитат јавните површини и тротоарите за безбедно движење на граѓаните од непрописно паркирани возила, и да се осветлат некои делови од градот. Пријави за диви депонии,  проблеми со улични кучиња и барања за излегување на терен на градските инспектори, како и од областа на комуналниот сектор за  кастрење  суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување  на јавни зелени површини. Дел од барањата  на граѓаните се  однесуваат на сообраќајната сигнализација, возниот ред на автобусите,  како и за доделувањето на субвенции за инвертери, велосипеди и за електрични тротинети.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...