spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Основците ја развиваат Емоционалната свест

Карпош: Основците ја развиваат Емоционалната свест

Во рамки на Еразмус+ проектот „Пронајди го моето ехо во тебе“, учениците и наставниот кадар од ООУ „Петар Поп Арсов“, вчера ја започнаа четиридневната манифестација на мобилност, која ќе се одржува во нивното училиште.

По тој повод, на настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Главна цел на овој проект кој се реализираше од октомври 2019 до септември 2021 година е прифаќање на разликите и еднаквоста меѓу луѓето.

Имено, во август 2019 година по добиениот грант од Еразмус + програмата, директорката на ООУ „Петар Поп Арсов“, м-р Татјана Савеска и членовите од тимот за Еразмус + проекти, направија презентација на проектот пред Наставничкиот совет на училиштето. Веќе наредниот месец, тие го презентираа проектот и пред Советот на родители, запознавајќи ги со целите, планираните активности и очекуваните резултати од проектот.

Во таа насока беа спроведени низа активности меѓу кои беше  работата на eTwinning платформата, подигање на свеста на возрасните за потребите на децата, организирање на здрава училишна средина, изработка на онлајн приказна и дизајнирање на постер. Понатаму, беа организирани и работилници за развивање на емоционалната свест кај учениците, како и работилница за децата со посебни образовни програми.

Училиште – кооординатор на проектот е „Sehit Uzman Cavus Egemen Yildiz Ortaokulu“ од Турција , а партнери во проектот се училиштата  „Szkola Podstawowa nr 9 im. generala Jozefa Wybickieg“ од Полска и ОУ „Vasil Levski Vratsa” од Бугарија. Оттаму, во мобилност на проектот беа инволвирани  три наставници во Турција, четири наставници во Полска, како и три ученици и три наставници во Бугарија. Секој учесник после мобилноста, беше задолжен да изврши дисеминација (ширење) на стекнатите знаења од работилниците на мобилноста.

Во eTwinning училиштата, меѓу кои спаѓа и ООУ „Петар Поп Арсов“, наставниците преземаат  заеднички иницијативи за да ги споделат позитивните стратегии и да обезбедат побогато образовно искуство во средината во која работат. Преку размена на ученици и знаења, тие се вклучени во училишните политики, практики и професионален развој, за континуирано да ги одржуваат промените во образовниот процес.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте