spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата

Кисела Вода: Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата

Започна серијалот предавања во општинските училишта во Кисела Вода, посветени на препознавање и заштита од сајбер насилство. Во текот на завчерашниот ден, согласно претходно договореното со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, инспектори од СВР Скопје, од ПСОН Кисела Вода, заедно со претставници на Црвениот крст преку кои се спроведува проектот, одржаа работилница во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

 

Дали ме малтретираат онлајн? Како можам да ја препознам разликата помеѓу шега и силеџиство на социјалните мрежи? Кои се ефектите од сајбер-силеџиство? Со кого треба да разговарам доколку некој ме малтретира онлајн и зошто е важно да пријавам? Ова беа само дел од прашањата за кои основците дебатираа со стручните лица, кои им дадоа насоки што ќе им помогнат да разберат што е сајбернасилство, какви форми има, како да се справат со него и како да го спречат.

Беа информирани и дека е отворена телефонска линија и електронска адреса на која сајбербулингот може да се пријави. Секој кој смета дека се соочува со сајбер насилство може да се јави на 071 30 30 11 или на mladi.kiselavoda​@​redcross.org.mk

-Насилството во виртуелниот простор, за жал, е многу често, може многу лесно да се пренесе во реалноста и децата можат да бидат и физички загрозени. Токму затоа, Општина Кисела Вода, полицијата и Црвениот Крст, го отпочнаа овој проект за превенција преку едукација. Заедно со учениците, наставниците и родителите саќкаме да ја кренеме свеста за сето она што може да се случи преку сајбер булинг. Серијалот предавања ќе продолжи и во наредниот период низ сите општински училишта на оваа територија-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

                                                                                   

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...