spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Пречек на планинарите од Струмица

Петровец: Пречек на планинарите од Струмица

Во Општина Петровец пристигнаа планинарите кои по 17-ти пат го одат патот од Струмица до вечното почивалиште на загинатиот претседател на Република Македонија – Борис Трајковски.

Традиционално како и секоја година така и оваа, градоначалникот Борче Митевски организира кратка средба со учесниците во овогодинешниот марш во дворот пред општинската зграда, каде беа почестени со топол напиток и освежителни пијалоци.

На оваа средба присуствуваа претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, советникот Александар Јаневски, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска како и дел од општинската администрација. Порaди ковид протоколите средбата се одржа на отворено и по полчасовен разговор учесниците на маршот го продолжија патот кон последната дестинација – вечното почивалиште на загинатиот претседател на Република Македонија – Борис Трајковски.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...