spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: СООПШТЕНИЕ за одржана средба со Соња Мираковска, Претседател на Комисијата за...

ДКСК: СООПШТЕНИЕ за одржана средба со Соња Мираковска, Претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието

На 22.02.2022 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ДКСК оствари средба со г-ѓа Соња Мираковска, Претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Република Северна Македонија.

Средбата се одржа на барање на ДКСК, а со цел запознавање на претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со тековните активности на ДКСК поврзани со извршување на нејзините законски надлежности.

Имено, ДКСК го информираше претседателот на Комисијата Соња Мираковска дека го подготви и до Собранието на Република Северна Македонија го достави Посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања за локалните избори 2021 година, кој, оваа година е пообемен и содржи заклучни согледување и препораки, што може да послужат како основа за измена на изборната регулатива. Претседателот на Комисијата Соња Мираковска нагласи дека Посебниот извештај ќе се разгледува на седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која претставници на ДКСК ќе дадат објаснување на наодите од извештајот и одговор на прашања на пратениците, членови на Комисијата.

Понатаму, ДКСК информираше дека во тек се активности за изготвување на првиот годишен извештај за спроведувањето на мерките и активностите од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година, а се разгледуваат и потребите и можностите за измена на одредени мерки и активности од истата. При тоа, претседателот на Комсијата Соња Мираковска нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија ќе земе активно учество на тркалезните маси кои ДКСК ќе ги организира со цел да се разгледаат извештаите изработени од евалуаторите заедно со предлог измените на дел од активностите и мерките од Националната стратегија.

Исто така, ДКСК информираше и за преземените активности за изготвување на измени на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во насока на допрецизирање на текстот и отстранување на слабостите кои ДКСК ги утврди во практичната примена на истиот.

На средбата ДКСК информираше и за соработката со Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, како и за планираните активности на ДКСК за одржување на работна средба со членовите на новиот состав на Владата  на Република Северна Македонија со цел да бидат запознаени со управувањето со судирот на интереси односно како да се избегне истиот, како и со законските одредби за заштита на укажувачите.

ДКСК, исто така, информираше дека се започнати активностите за изготвување на Годишниот извештај за работа на ДКСК за 2021 година, кој по изготвувањето, во законски утврдениот рок, ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

На крајот на средбата, обострано беше изразено  задоволството од одржаната средба и искажаа подготвеност за натамошна соработка.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...