spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина

Град Скопје: 7 милиони денари хуманитарна помош за Украина

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе предлог до Советот, Градот Скопје да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари.

Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт.

„Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме. Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи кога ќе пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови“, изјави Данела Арсовска.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...