spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Координирана акција со општините за спречување создавање депонии на приватен...

Град Скопје: Координирана акција со општините за спречување создавање депонии на приватен имот

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот.

Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот.

Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...