spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Нова вело и пешачка патека на булeварот Србија и на...

Град Скопје: Нова вело и пешачка патека на булeварот Србија и на булеварот Видое Смилевски Бато

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов извршија увид во градежните активности за изградбата на велосипедска и пешачка патека на булевар Србија, како и на продолжувањето на пешачката патека на булевар Видое Смилевски Бато.

 

Утврдено е дека градежните активности на патеките се одвива според предвидената динамика и планирано е нивно завршување во предвидениот рок. Ќе се задржи средишното зеленило и ќе се обнови, а и страничните делови на булеварите ќе бидат уредени со нови зелени површини и со нови садници.

Изградбата на вело и пешачката патека на булевар Србија е во насока од булевар Февруарски поход кон булевар АСНОМ, во должина од 850 метри и широчина од 4 метри (2 метри вело патека и 2 метри пешачка патека),  на вкупна површина од 3.400 квадратни метри.

 

Изградба на пешачка патека на булеварот Видое Смилевски Бато е на потегот од страна булеварот Февруарски поход кон булевар АСНОМ, во должина од 300 метри и 3 метри широчина, на вкупна површина од 900 квадратни метри.

Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација. Истовремено ќе се работи и на развивање на велосипедската мрежа кон приградските населби, со што ќе се намали ризикот од возење велосипеди на коловозите, се со цел поголема безбедност на граѓаните коишто користат алтернативен превоз.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...