spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Работна средба на министерот Бектеши со директорката на Царинска управа, Кутиров

МЕ: Работна средба на министерот Бектеши со директорката на Царинска управа, Кутиров

Министерот за економија, Крешник Бектеши завчера оствари работна средба со директорката на Царинската управа на Северна Македонија, Славица Кутиров и заменик -директорот, Мухарем Хасани.

На состанокот се разговараше за актуелните прашања и соработката меѓу Министерството за економија и Царинската управа за што беше искажана спремност од двете страни за натамошно продлабочување на одличната соработка која ја имаат двете институции.

Тема на состанокот беа преземените активности во однос на примена на алтернативни правила за потекло согласно најновата состојба во рамки на Регионалната конвенција за Пен-евромедитеранските преференцијални правила за потекло од 1 септември 2021 година. Како и за новите правила за потекло со ЕУ, со земјите од  ЕФТА и ЦЕФТА.

Директорката Кутиров информираше и за низата мерки што ги презема Царинската управа во насока на поедноставување и олеснување на царинските постапки, а со цел одржување и унапредување на прекуграничната трговија.

Истакнати беа и активностите на Царинската управа во делот на движењата на увозот и извозот и состојбата за продолжување на регионално поврзување.

Меѓу темите на разговор беа и  статусот и активностите поврзани со проектот за воведување на Track&Trace системот за следење на акцизни производи, што се очекува да придонесе за подобра контрола на акцизната стока на целата територија на државата.

Министерот Бектеши и директорката Кутиров разговараa за проектите што излегуваат од „Отворен Балкан“, како и за состојбата за продолжување на регионално поврзување, пред се активниот проект на “Оne Stop Shop” со Албанија, поддршка на зелените кооридори, заедничките гранични контроли, и законската рамка на договорите за АЕО (овластен економски оператор)

Директорката Кутиров го информираше министерот Бектеши дека Царинската управа во континуитет бележи зголемување на наплатата на приходите при увоз и внатрешен промет, наплатените приходи се поголеми со 4,88 милијарди денари или 37%  во однос на истиот период 2021 година кога биле наплатени 13,16 милијарди денари.

Министерот Бектеши истакна дека поддршката на Министерството за економија за Царинската управа ќе продолжи и во наредниот период пред се во делот на подобрување на услугите од што ќе има бенефит целата економија.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...