spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Да се искористат можностите за унапредување на економската соработка со Италија

МФ: Да се искористат можностите за унапредување на економската соработка со Италија

Енергетската криза и економските последици врз европската економија, како и зајакнување на економската соработка со Италија беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со амбасадорот на Италија во РС Македонија Андреа Силвестри.

 

На средбата беше истакнато дека меѓу двете земји постојат можности за зголемување на економската соработката и дека тие треба да се искористат. РС Македонија и Италија се сојузници во НАТО, а од Италија како дел од европското семејство е очекувана поддршката во реформите што ги спроведуваме на патот за приклучување во ЕУ.

Приоритет ни се спроведување на реформите, зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнување на човечкиот капитал, но и инвестициите предвидени со Интервентниот инвестициски план и можноста тие да се финансираат со поддршка од ЕУ.

 

Исто така, беше посочено, дека сме фокусирани и на справување со енергетската криза, како и со здравствената предизвикана од Ковид 19.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...