spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМФ: Се следи развојот на настаните во Украина, навремено и по потреба...

МФ: Се следи развојот на настаните во Украина, навремено и по потреба ќе одговориме како што тоа го правиме во континуитет со ковид и енергетската криза

Стоковите резерви ги имаат потребните количини и тие се доволни, а дополнително и компаниите имаат доволни резерви за да одговорат на потребите на пазарот, затоа нема потреба од паника, порачува министерот за финансии, Фатмир Бесими во интервју за Еуроњуз Албанија.

 

„Државните резерви се класифициран податок и затоа немаме право јавно да го објавиме, но она што е најважно е дека тие се доволни, и не само државните резерви, туку и резервите што ги имаат компаниите за нивните потреби на пазарот, кои, исто така, се доволни. Така што во моментов има доволно резерви и нема потреба од паника. Ние ќе продолжиме со снабдување на државните резерви како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто“, рече министерот Бесими.

Посочувајќи на мерките што Владата веќе ги презеде за да одговори на влијанието од енергетската криза во насока на заштита на стандардот на граѓаните и да нема голем раст на цените на основните прехранбени производи и на електричната енергија на регулираниот пазар, истакна дека тие не се доволни, со оглед на тоа што кризата и состојбата во Украина продолжува и оти е важно да се следи како се развива нејзиното влијанието врз домашната економија за да се види кои мерки и капацитети ќе бидат потребни.

„Во однос на економските и социјалните предизвици, ние сме во постојан контакт со сите учесници во општеството за да можеме ефективно да реагираме, а во исто време сме во комуникација и со Европската комисија и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за да евентуално се користат инструменти што ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата“, посочи Бесими.

Интервјуто на министерот беше реализирано од Лондон, каде што заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи учествуваа на Самитот на ЕБОР. Главни теми на Самитот беа енергетиката, диверзификацијата, енергетската неизвесност, енергетското и инфраструктурното поврзување на земјите од регионот, зајакнувањето на човечкиот капитал и дигитализацијата.

„Се дискутираше за конкретни проекти од овие области, коишто се спроведуваат од нивна страна, односно целта е да се дефинираат предностите и причините заради кои инвеститорите треба да инвестираат во земјите од регионот. Всушност целта е земјите да се претстават од аспект на макроекономската стабилност, на придобивките од областа на даночниот систем, подготвеноста на капацитетите и човечкиот капитал, како и најзначајното – инфраструктурното поврзување“, изјави министерот за финансии.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...