spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити панелист на ,,Cybertech Global Telaviv 2022“

МИОА: Министерот Алити панелист на ,,Cybertech Global Telaviv 2022“

,,Обединети стоиме-Меѓународна соработка во сајбер просторот“-е насловот на пленарната сесија на којашто се обрати министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во рамки на престижниот настан и конференција ,,Cybertech Global Telaviv 2022“ во Израел.

 

Овој светски настан на едно место собра голем број сајбер експерти и меѓународни делегации, компании од ИКТ областа. Тие разговараа за можностите што ги нуди сајбер индустријата, иновативните пристапи, како и предизвиците и можните решенија во однос на сајбер заканите на глобално ниво.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте