spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Кисела Вода: Нема интерес кај власта за шелтер центар за...

Левица – Кисела Вода: Нема интерес кај власта за шелтер центар за жртви на семејно насилство

Советничката група на Левица поднесе Амандман на предлог-Буџетот на Општина Кисела Вода за 2022 година за отворање шелтер центар за жртви на семејно насилство.

За жал, членовите на советот од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не покажаа интерес за темата и не се разви дискусија за алтернативен начин на организирање помош за жртвите на семејно насилство до изготвување на Националната програма за развој на социјалната заштита (која треба да се изготви и спроведе до 2032г!).

Па така, на штета на граѓаните, иако предлог-амандманот не побаруваше големи средства и логистика, а потребата за ваков шелтер центар е повеќе од нужна, советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа против, а од СДСМ воздржани и Советот на Општината го одби Амандманот за отворање шелтер центар за жртви на семејно насилство.

Ние, советничката група на Левица нема да бидеме индиферентни кон ова прашање и да останеме неми сведоци при случаите на семејно насилство кои, за жал, можат да завршат и со смртни последици, туку ќе се бориме овој неоправдано одложен рок за востановување на шелтер центарот да се помести поблизу до сегашноста.

 

Погледнете:

ЛЕВИЦА ??

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...