spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на Маричиќ со директорот на Национална агенција за европски образовни програми...

Средба на Маричиќ со директорот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Ѓоргиевски

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ  оствари средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, на која се разговараше за тековните активности на агенцијата и приоритетите во следниот период, со фокус на промоцијата и спроведувањето на европските програми во областа на образованието, младите, обуката и спортот.

На средбата беше разговарано за важноста од постојаната соработка и консултации со Секретаријатот за европски прашања, како партнер во креирањето на нови можности за граѓаните на нашата земја, како и остварување на приоритетите во областите: животна средина и борба против климатски промени, дигитална трансформација и инклузија.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја истакна важноста на активностите на агенцијата, како и на организациите и институциите корисници на програмата, во насока на обезбедување подобри услови и перспективи за нашите млади, бидејќи тие со нивните идеи, визија и енергија се носители на развојот во општеството.

Во разговорот со директорот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, од страна на вицепремиерот Маричиќ беше ставен акцент на новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и важноста на промоцијата и презентирањето на успешни проекти, кои ќе бидат поттик за младите на развиваат идеи и да се вклучат во процес што несомнено носи позитивни општествени промени.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...