Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и UN WOMEN, во тек е реализацијата на обуките од Проектот за невработени жени жителки на општината, од страна на Комисијата за родова еднаквост на Општина Центар-Скопје, а во реализација на Фондација ЦЕЕД Македонија.
Неколку циклуси од обуките се реализираа он лајн, а обуката на тема “Развој на бизнис идеја и бизнис план“ се одржа со физичко присуство.
Во идниот период обуките ќе продолжат со одржување на професионалните обуки за: маникир, педикир, фризер, масажер и кројач.
Извор: Општина Центар