spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП Скопје: Англиски за човечки ресурси

ЕСП Скопје: Англиски за човечки ресурси

Преглед

Англиски за човечки ресурси е соодветен за менаџери по ЧР, вработени во ЧР, како и сите оние кои работат во агенциите за вработување и за привремени вработувања. Курсот им помага на слушателите да се стекнат со релевантните изрази и вокабулар што е потребен за ефективно да зборуваат и да комуницираат во својата област. Секоја тема од Англиски за човечки ресурси опфаќа различни прашања поврзани со полето на ЧР, вклучувајќи вработување, работни односи, бенефиции и надомест. Овој курс нуди дополнителна помош со јазикот што е потребен за типични задолженија во ЧР како оценувања, евалвации, интервјуа и извештаи.

Фонд на часови и интензитет

Вкупен фонд на часови: 30 од по 45 минути.

Интензитет: 2 пати неделно по 2 часа од по 45 минути (90 минути).

По успешно завршување на курсот, секој слушател добива Сертификат со ниво според Заедничката Европска Рамка.

 

 

 

Извор: ЕСП – Развој и управување на човечки ресурси

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...