spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Младиот шахист Табаковски може да смета на поддршка од општината

Кисела Вода: Младиот шахист Табаковски може да смета на поддршка од општината

Со партија шах, започна средбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со Дино Табаковски, еден од генерацијата нови шаховски надежи што се појавија на македонската спортска сцена, но меѓу ретките успешни кои се од општината Кисела Вода.

 

Поразговараа за пасијата на Дино и неговите успеси, како и за следните турнири на кои ќе учествува. Дел од нив се и интернационални. Градоначалникот Ѓорѓиевски, ја истакна подготвеноста на Општина Кисела Вода да му даде финансиска поддршка на овој млад талент, како и на сите успешни спортисти кои работејќи на надминување на своите лични рекорди, се вистински амбасадори на општината, но и на земјата од која доаѓаат.

 

 

Имено, Табаковски, во февруари 2020 година го освои првото место на турнирот организиран од Сојузот на училишен спорт во Кисела Вода, на кој настапија околу 50 ученици од сите основни училишта кои се во склоп на општината, а претходната 2019 година беше второпласиран на градското првенство на Скопје во стандарден шах во категоријата до 14 години. Како член на најуспешниот шаховски клуб во Македонија, ШК “Алкалоид”, тој во 2021 година беше член на екипата која го освои првото место на државното тимско првенство во категоријата до 16 години. Во меѓувреме, започна со успешни учества на турнири во странство. Најголема желба, на овој поранешен ученик на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, а иден информатичар, му е да настапи на Европско првенство во шах.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте