spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка со Здружението “Визија Плус”

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка со Здружението “Визија Плус”

Меморандум за соработка потпиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со Здружението за едукативни и хуманитарни активности, “Визија плус”.

Реализација на заеднички проекти во насока на подобрување на општествените вредности и националната кохезија, спроведување на хуманитарни и едукативни активности, се постулатите кои се дефинирани во овој документ и чие спроведување е договорено преку оваа соработка.

 

-Поттикнувањето на мерки и вредности кои имаат за цел постигнување на севкупен напредок во Општина Кисела Вода, но и пошироко, во цела Македонија, е наша желба, но и обврска кон нашите граѓани. Оттука, потпишувањето на Меморандум за соработка со здружението со кое делиме исти заложби за промовирање и унапредување на животот и меѓучовечките односи, за афирмација и промовирање на културните и моралните вредности во јавниот живот, само ја потврдуваат јасната насока кон која ќе се движи оваа локална самоуправа, во интерес на сите свои жители-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Здружението за едукативни и хуманитарни активности, “Визија плус”.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...