spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: За 8 Март градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Декларација за унапредување на...

Кисела Вода: За 8 Март градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Декларација за унапредување на женското претприемништво

Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво потпишаа вчера градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставничките од Националната платформа за женско претприемништво. Со овој документ се демонстрира заложбата за подигнување на свеста и креирање на политики во кои се поттикнува женското претприемништво, пред се’ на локално ниво.

Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, заедно со Татјана Гогоска и Елена Блажевска од истата институција, Викторија Митрикеска како координатор за Скопски Плански регион и Мими Шушлеска Петкова од Сојузот на стопански комори, на средбата со градоначалникот на кој присуствуваше и Татјана Нанкова, како координатор на советничката група за еднакви можности од Советот на Општина Кисела Вода, дискутираа за создавањето на поволно деловно опкружување и обезбедувањето на поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените. Ова пак, треба да донесе кон развој на постојните и креирање на нови претпријатија и нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

-Обезбедувањето на системска поддршка за развој на женското претприемништво и креирање на структура за негова поддршка е цел кон која се стремам и ќе се стремам во сите мои проекти, бидејќи сметам дека e и потребно и корисно да се овозможи поголемо учество на жените во  процесот на одлучување. Со ваквото делување, покажуваме дека нашите заложби не се само декларативни, а посакувањето на убави желби и рамноправност за 8 Март не се само празни флоскули, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по потпишувањето на Декларацијата за  подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте