spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: ООУ Блаже Конески конечно добива Нова фасада

Аеродром: ООУ Блаже Конески конечно добива Нова фасада

Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие целосно нова фасада, со што ќе почне реализацијата на едно од главните ветувања на градоначалникот Тимчо Муцунски за обнова на сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром.

Фасадата на зградата на ова основно училиште ќе биде реконструирана со средства донирани од компанијата ТИТАН Цементарница „Усје“ АД Скопје која за таа цел ќе обезбеди 4.446.548 денари или околу 72 илјади евра. Ваквиот проект произлегува од конструктивната соработка на Општината и раководниот тим на оваа општествено-одговорна компанија.

Со обновувањето на фасадата на училишната зграда, ќе се добие целосно нова енергетско-ефикасна фасада, со што училиштето, покрај тоа што ќе добие нов лик, во голема мера и ќе заштеди на електрична и топлинска енергија.

Општина Аеродром интензивно работи на тоа секое основно училиште во наредниот период да биде реновирано, за да се врати сјајот на училиштата и да се обезбедат сите современи услови за квалитетно образование на учениците и за нивен правилен раст и развој. Во наредниот период училиштата комплетно ќе бидат опремени со смарт-табли и таблети за одвивање на училишниот процес.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...