spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Албанскиот јазик ќе се применува и во здравство

АПЈ: Албанскиот јазик ќе се применува и во здравство

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, оствари работна средба со министерот за здравство Беким Сали.
Во оваа прилика, директорот Села ја понуди целосната поддршка на АПЈ за преведување и лекторирање на сите обрасци што ги користи ова министерство и се генерирaат од различни софтвери.
Од друга страна, министерот Сали ја поздрави поддршката од директорот Села и вети дека ќе се преземат конкретни чекори во насока на примената на одредбите кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.
Здравството е една од областите каде што е закочена примената на овој закон, па оваа средба ќе послужи како поттикнување во вистинската насока.

Прочитајте