spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Директорот Села го посети Институтот по трудова медицина

АПЈ: Директорот Села го посети Институтот по трудова медицина

Во рамките на бројните посети и средби со претставници од државните институции, директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, го посети и Институтот по трудова медицина, каде што оствари средба со директорот на институцијата, Азиз Максути.
По тој повод, тие разговараа за обидите и предизвиците во примената на Законот за употреба на јазиците во државните институции.
Иако оваа институција може да биде пример за примена на двојазичноста, директорот Азиз Максути побара помош од АПЈ за превод и лектура на одредени документи и дописи што треба да бидат двојазични.
Во врска со ова, директорот на АПЈ, Илбер Села, се заложи дека ќе им ја понуди соодветната поддршка кога станува збор за примената на албанскиот јазик во оваа институција.
Двајцата соговорници се заложија да продолжат со нивната соработка, што се однесува на примената на Законот за употреба на јазиците.

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...