spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

АПЈ: Работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

После посетата на Агенцијата за храна и ветеринарство во месец октомври 2019 година беше остварена нова посета од страна на директорот на АПЈ, Илбер Села, во рамките на која оствари работна средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Николче Бабовски.
На средбата директорот Села истакна дека е констатиран застој во спроведувањето на обврските од Законот за употреба на јазиците во работата на Агенцијата за храна и ветеринарство, и дека освен таблата и печатот кои се сменети, преостануваат и други активности кои треба да се преземат заради усогласување со законските обврски.
Директорот Села ја поздрави подготвеноста за соработка на директорот Бабовски и го информираше својот соговорник дека АПЈ е отворена за соработка со АХВ во делот на стручна помош за имплементација на Законот за употреба на јазиците, како и превод и лекторирање на општи акти, обрасци и формулари кои произлегуваат од тековното работење на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Директорот Бабовски истакна дека во институцијата со која раководи недостигаат човечки ресурси за превод на службената документација од македонски на албански јазик и обратно, и во тој дел побара помош од АПЈ, а исто така се заблагодари за позитивниот пристап и отвореноста за соработка помеѓу двете институции.

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...