spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Воспоставена соработка со ВЈО и ОЈО Скопје

АПЈ: Воспоставена соработка со ВЈО и ОЈО Скопје

Во рамките на интензивната работна агенда, директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари посета и на Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Скопје, каде што оствари средба со раководителите на овие две институции, г. Мустафа Хајрулахи и г. Гаврил Бубевски.
На средбата директорот Села истакна дека од особена важност е примената на Законот за употреба на јазиците во работењето на јавните обвинителства на сите нивоа и дека АПЈ е отворена за соработка, размена на мислења и стручни консултации. Воедно, истакна дека АПЈ подготвува публикација која ќе ја опфати употребата на јазиците, со осврт на правосудниот сектор, и дека истата се планира наскоро да биде промовирана.
Од друга страна, беше констатирана неповолната состојба со екипираност на човечки ресурси за превод и лекторирање на службените акти и во тој дел беа договорени активности кои треба да се преземат заради надминување на ваквата состојба и овозможување на непречено функционирање на овие две обвинителства.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...