spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: ООУ „Крсте Мисирков“ е партнер училиштe во Еразмус+ проектот „Учење...

Гази Баба: ООУ „Крсте Мисирков“ е партнер училиштe во Еразмус+ проектот „Учење преку апликации – APPic Leaarning”

ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје е едно од партнер училиштата во Еразмус+ проектот „Учење преку апликации – APPic Leaarning”. Во рамките на виртуелната мобилност во периодот од 07.03.2022 до 11.03.2022 година учениците од ова училиште заедно со нивните другари од Полска и Германија ќе ја анализираат и евалуираат употребата на различни апликации во наставата.

Проектот има за цел да се истражат можностите кои ги нуди технологијата за поквалитетна реализација на наставата. Преку користење на различни апликации во рамките на овој проект се развиваат иновативноста, креативноста, критичкото размислување и вештините за решавање на проблеми од секојдневниот живот, како едни од најважните вештини кои треба да ги поседуваат учениците за живот во овој динамичен свет.

Градоначалникот Бобан Стефковски преку видео порака им се обрати на учесниците во проектот и им честита на директорката и наставниците за успешната реализација на голем број на проекти, како и за воспоставување на соработка и разменување искуства со други училишта.

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...