Градење и зајакнување на капацитетите за Сајбер безбедност беше тема на работниот состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити со Маргарета Липковска-регионален менаџер за проекти на УСАИД.
На состанокот се разговараше и за утрешната агенда на работната група за сајбер безбедност во критичната инфраструктура, составена од претставници и на другите министерства, со оглед на тоа што МИОА е координатор на активностите за заштита на критичната национална инфраструктура во Северна Македонија.
Во таа смисла, на нашата земја и претстои долг пат и напорна работа, но ваквите проекти и активностите на работната група се позитивен почеток на тоа патување, е заклучокот од состанокот.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација