Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир.
Министерот Алити му се заблагодари на евроамбасадорот Гир за големата поддршка од Европската Унија. Соговорниците се согласија дека реформите мора да продолжат, бидејќи се во насока на модернизација и професионализација на администрацијата и дигитализација, а воедно се значајни за патот кон ЕУ.
На работната средба меѓу другото се разговараше за предизвиците, искуствата од досегашната соработка која ќе продолжи и понатаму и позитивните практики од областа на информатичкото општество, администрацијата и медиумите, како и идните активности за спроведување на понатамошните реформи.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација