spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Соопштение

МНР: Соопштение

Почитувани,

 Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

 Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

 Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...