spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Ги решаваме проблемите во пловидбената дејност, ќе разговараме со општината да...

МТВ: Ги решаваме проблемите во пловидбената дејност, ќе разговараме со општината да го вратиме Пристаниште под ингеренции на државата

Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите.

Ова беше договорено на средбата која во Охрид се оддржа меѓу министерот Бочварски и Здружението на бродари од Охрид. На средбата се разговарше и за продлабочување на пристаништата во Охрид и Свети Наум за што веќе од буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени средства.

 

Во рамки на посетета во Охрид, министерот Бочварски оствари средба и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, тело во рамки на Министерството за поморски сообраќај и инфраструктура на Хрватска, на која се разговараше за идна соработка со Капетанијата на пристаништа.

 

“Со бродарите имавме веќе една средба со Скопје, сега ова е втора средба во Охрид. Ги отворивме прашањата околу полагањата за професионален сертификат за пловење и сметам дека ќе одговориме позитивно на ова барање и полагањата да се вратат во Охрид.  Го отворивме прашањето и за управување на пристаништето и негови зафати. Во идниот период ќе разговраме со локалната самоуправа околу  ингеренцијата и управување со пристаништето заради негово одржување и чистење. Веќе во буџетот обезбедивме средства за чистење на пристаништето во Свети Наум. Се сретнав и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, надзорно тело што е сертифицирано за техничка контрола на бродовите. Во следниот период акцентот ќе го ставиме на безбедноста и контролата на пловните објекти.”, истакна министерот Бочварски.

Посетата во Охрид министерот Бочварски ја искористи да изврши увид во реконструкција на улицата Македонски просветители. Инвестицијата е вредна 38 милиони денари, средства обезбедени преку буџетот на Министерствто за транспорт и врски, преку Проектот за изградба и санација на локалани улици и патишта во општините.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте