Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на третата седница на Советот за развој на Источниот плански регион, која се одржа во општина Кочани.
На кординативната средба со градоначалниците од Источниот плански регион беше презентиран процесот на изработка на Просторен план во Република Северна Македонија.
Во своето воведно обраќање, заменик министерката Оџаклиеска истакна дека само преку блиска соработка со планските региони, визијата за развој можеме да ја приближиме до реалноста во која сакаме да живееме.
– Разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони ќе ни овозможи реално претставување на планските мерки и, секако, ограничувањата во рамки на кои треба да се движиме при идното планирање на просторот – рече Оџаклиеска.
Центарот за развој на Источен плански регион вклучува 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање