spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПроект за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво

Проект за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво

По повод овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во рамки на Проектот за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво подготвена е јавна кампања за запознавање со битни податоци и трендови за состојбата на родовата еднаквост во неколку сфери од нашето општество, како и за важноста на родовата статистика и родово-разделените податоци кои треба да служат како основа за креирање на сите политики и услуги во општеството, со цел да одговорат на различните потреби на граѓаните.

Проектот е осмислен во тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и во консултација со Министерство за труд и социјална политика (МТСП)/ Сектор за еднакви можности.

Податоците се анализирани во рамките на проектот на UN Women за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво (Gender Equality Facility – GEF). Проектот го спроведува UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за труд и социјална политика, финансиски поддржан од Шведска. Проектот нуди поддршка на клучни тела во Владата на Република Северна Македонија задолжени за процесот на интеграција во ЕУ за поефективно спроведување на националната и меѓународните законски рамки за родова еднаквост и правата на жените.

Податоците користени во оваа кампања се од Државниот завод за статистика, поточно од изданијата на „Жените и мажите во Република Македонија/ Република Северна Македонија“, како и дополнителни податоци од МакСтат.  Анализата на податоците е направена во рамките на проектот на UN Women за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво, кој се спроведува во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за труд и социјална политика, со финансиска поддршка од Шведска.

Во рамки на овој проект по повод одбележувањето на 8 март UN Women организира едукативна изложба во East Gate Mall, која може да се посети во периодот од 8 март до 8 април. На изложбата ќе бидат поставени и четирите инфографици изработени во Gender Equality Facility – GEF.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...