spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСекој проект за поддршка на европските реформи е чекор напред кон Европската...

Секој проект за поддршка на европските реформи е чекор напред кон Европската Унија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ,  присуствуваше на отворање на работилница во рамките на проектот „Знаење за реформските активности за Западен Балкан“, кој е финансиран од страна на Кралството Норвешка, а ќе го спроведува регионалната канцеларија на УНОПС и Секретаријатот за европски прашања.

На отворањето на работилницата вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за досегашната поддршка од УНОПС за спроведените проекти, посочувајќи дека позитивното искуство и нивото на флексибилноста на финансиската поддршка ќе овозможат многу брзо да бидат идентификувани и договорени потребите на институциите за 2022 година, а тоа од друга страна ќе придонесе за забрзување на динамиката на европските реформи.

„Придобивка од ваквата методологија е можноста да се ангажираат национални, регионални и експерти од земјите членки кои работејќи директно со нашата администрација го пренесуваат своето знаење, добрите практики и искуство, а со тоа ние ги јакнеме нашите капацитети и градиме вештини и компетенции во пресрет на отпочнување и успешно водење на пристапните преговори“, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Директорката на канцеларијата на УНОПС во Виена, Грот изрази задоволство од посветеноста на Северна Македонија во унапредувањето на реформите во ЕУ како клучни приоритети за земјата.

„УНОПС ќе ги поддржи напорите на земјите кои тесно соработуваат со ЕУ и другите партнери на терен за да се овозможи размена на експертиза и знаење, како и научените лекции за промовирање на реформските активности низ Западен Балкан“, рече Грот, додавајќи дека денешната работилница е плоден и конструктивен пат напред кон приоритизирање на потребите на земјата во согласност со ревидираната методологија за проширување на ЕУ и правото на ЕУ, вклучително и дополнително зајакнување на планирањето и координацијата на политиките.

Пред почетокот на настанот, вицепремиерот Маричиќ имаше средба со директорката на канцеларијата на УНОПС во Австрија, Фреја Фон Грот, каде разговараа за понатамошните приоритети и активности кои ќе се финансираат преку УНОПС. Маричиќ и Грот се согласија дека е неопходно да се обезбеди комплементарност на донаторската помош, проектите да се добро дефинирани и таргетирани и воедно насочени кон спроведување на европската реформска агенда во земјава.

На настанот свои обраќања имаа и Дуџак, Постојан координатор на ОН во Северна Македонија и Јохансен, Заменик шеф на Мисијата на Норвешка. Овој проект се спроведува во рамки на 5-годишна регионална програма за европска интеграција на Западен Балкан иницирана од Норвешкото министерство за надворешни работи што ја спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) и Канцеларијата за повеќе земји во Австрија (AUMCO). Целта на програмата е да ги поддржи владините институции во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, преку размена на експертиза и знаење, како и научените лекции за промовирање на реформските активности низ Западен Балкан.

Линк со инсерти од настанот: https://we.tl/t-dBBIE3gpPq

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте