spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиKnowledge Center: Тркалезна маса во склоп на проектот „Е-администрација“

Knowledge Center: Тркалезна маса во склоп на проектот „Е-администрација“

На ден 09.03.2022, Центарот за управување со знаење одржа тркалезна маса по повод презентирање на истражувањето кое Центарот го спроведе во склоп на проектот „Е-администрација – Надминување на јазот во дигиталните вештини на државната и јавната администрација“, поддржан од Цивика Мобилитас.

 

Настанот се одржа во просториите на Double Tree хотелот во Скопје, и на него присуствуваа претставници од голем број институции и организации, како Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за администрација, МАСИТ, Сојузот на стопански комори и други влијателни организации во сферата на „Е-администрација“.

Д-р Андријана Богдановска Ѓ., директор на Центарот за управување со знаење, и д-р Ана Секуловска, професор при Универзитетот за туризам, го презентираа истражувањето, методологијата и резултатите. По тоа, учесниците на тркалезната маса ги изнесоа своите прашања и забелешки, и се впуштија во дискусија.

Дискусијата беше исклучително продуктивна и произведе голем број идеи и предлози кои ќе бидат вклучени во Документот за политика кој ќе содржи предлог мерки, и ќе биде изготвен од страна на Центарот за управување со знаење.

Истражувањето во склоп на проектот „Е-администрација“, како и последователната дискусија ја прикажаа реалната слика на државната и јавната администрација, но и чекорите кои треба да бидат направени во иднина со цел надминување на јазот во дигиталните вештини.

 

Извор: Knowledge Center 

Прочитајте