spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Чешка силно ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес

МТСП: Чешка силно ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на која разговараа за можностите за понатамошна соработка меѓу двете држави, особено со чешкото министерството во чија надлежност се трудот и социјалната политика.

Министерката Тренчевска истакна дека искуството на  Р.Чешка е од големо значење за нас, особено во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, политики за пазарот на труд и вработување, колективно договарање и социјален договор. Соговорниците се согласија дека соработката во овие области треба да се интезивира и продлабочи.

На средбата се разговараше и за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и напорите кои државата изминатите години ги прави со цел усогласување на домашното со европското законодавство, со цел влез во Европската Унија.

 

Амбасадорот Лудва ја потврди поддршката на Р.Чешка за евроинтеграцијата на земјава и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи земјата вистински се вложува.

„Р.Чешка го презема претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јули оваа година, се надевам дека почетокот на преговорите ќе се случи токму во овој период,“ рече амбасадорот Лудва.

Тренчевска изрази благодарност за силната поддршка на Чешката Република за нашето членство во НАТО како и за поддршката за приклучувањето на Северна Македонија во Европската унија.

„Двете држави имаат одлична билатерална соработка и подготвени сме да ги продолжиме сите започнати процеси и да ја збогатиме соработката преку реализирање на заеднички проекти, размена на искуства и соработка“, рече Тренчевска.

Соговорниците изразија уверување за продолжување на воспоставената соработка помеѓу двете држави.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...