spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Инвестирањето во раниот детски развој е клучен за квалитетни млади генерации

МТСП: Инвестирањето во раниот детски развој е клучен за квалитетни млади генерации

Децата се нашето најголемо богатство и затоа инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на конференцијата насловена како „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“, организирана од Владата и УНИЦЕФ со поддршка од Британската амбасада. Министерката Тренчевска нагласи дека предучилишно образование е клучно во развојот на детето, бидејќи само квалитетни млади генерации даваат придонес во општество. Во тој процес, нагласи таа, вклучени се воспитувачките во градинките, родителите, бабите и дедовците и сите други кои го стимулираат детскиот социјален и оптимален развој преку секојдневна интеракција.

„Оваа задача не е секогаш лесна. Секој родител се запрашал како најдобро да му помогне на своето дете. Министерството заедно со  УНИЦЕФ и другите партнери, работи на развивање на ресурси и програми за поддршка на родителите. Со платформата Едуино преку која се споделуваат практични совети, стратегии кои родителите можат да ги применат со децата, овозможивме активности за социо-емоционалниот развој на децата. Преку Националната линија за поддршка на родители воведовме советувалишта во градинките, а во подготовка е и првата апликација за поддршка на родители „Бебо“, која ќе биде промовирана во април“, рече министерката Тренчевска.

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со УНИЦЕФ, подготвува Националната стратегија за родителство 2021 -2030, со која ќе се мапираат постојните програми и услуги за поддршка на родителите. Целта на Стратегијата е целосно ангажирање и координирање на засегнатите страни.

„Стратегијата ќе трасира развој на меѓу-секторски систем за поддршка на семејствата и идните родители за да може секое дете да добие соодветна нега, грижа и стимулација. Програмите за позитивно родителство глобално даваат одлучни резултати за семејствата, особено за семејства кои имаат посебна потреба од поддршка, кои се соочуваа со сиромаштија или други неповолни околности што ја попречуваат нивната способност да се грижат за своите деца, или со деца кои имаат потреба од дополнителна грижа заради попреченост. Во нашата земја се потребни програми за унапредување на родителските вештини. Вложувањето во вештините на родителите и старателите е меѓусекторска заложба. Љубовта кон нашите деца доаѓа природно, но родителството се учи“, рече министерката Тренчевска.

 

Тргнувајќи од начелото дека децата имаат право на квалитетно предучилишно згрижување, воспитување  и образование, Владата на РСМ се обврза да го зголеми за 50% опфатот на деца од предучилишна возраст од 3-6 години во установите за згрижување и воспитание. Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините работи на проширување на капацитетите за заштита и воспитание на децата, со посебен акцент на зголемување на достапноста на градинките во руралните области. Освен буџетски средства Министерството има  дополнителни 1,5 милиони евра преку ИПА 2 наменети за изградба на две детски градинки во општина Тетово и Теарце. Има и дополнителни 15,6 милиони  евра обезбедени преку Проектот за подобрување на социјалните услуги кој е финансиран со кредит од Светска банка  за проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на услугите во системот за згриужување и воспитание на деца.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...