spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со Чавушоглу во Анталија

МНР: Османи на средба со Чавушоглу во Анталија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Турција.

Министрите се согласија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, а оваа година кога се обележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, јубилејот дава можност да се погледне наназад и да се сумираат досегашните резултати.

Неизбежен дел од разговорот беше состојбата во Украина и агресијата на Руската Федерација, при што, Османи посочи дека високо ги цени напорите на министерот Чавушоглу во посредувањето меѓу овие две земји за да се изнајде решение за воената криза. Како НАТО сојузници ние сме силни, одлучни и обединети околу ова прашање, заклучија двајцата министри.

„Од најголема важност е да се запрат страдањата на луѓето во Украина. Како членка на Тројката на ОБСЕ, ние сме подготвени да придонесеме на кој било начин за да помогнеме“, истакна Османи.

На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски, а Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...