spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи-Петков во Анталија

МНР: Средба Османи-Петков во Анталија

Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.
На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи:
“Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска интеграција станува безбедносно прашање и само позитивен исчекор во оваа насока ќе допринесе кон општата безбедност и сигурност на целиот европски континент”.
На средбата беше изразено задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, беа дискутирани разменетите предлози за унапредување на соработката во повеќе области.
Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.
Атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност кој преовладува на досегашните средби се вистинскиот правец и се очекува да водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на двете земји.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...