spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Заедно со здравствените работници и лекарската комора го одбележаа 12 Март

МЗ: Заедно со здравствените работници и лекарската комора го одбележаа 12 Март

Вчера се одржа работна средба на министерот д-р Беким Сали, заменик министерот д-р Владимир Рендевски со професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.

На средбата беше разговарано за предлог проектот за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години. Се работи за проект што вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од Клиниката за ортопедија, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за неврохирургија што ќе опфати комплексни хируршки процедури со цел корекција на одот, намалување на спастицитетот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти.

Проектот предвидува и опремување на простор, како и дополнителна едукација на специјалистите од оваа област за обезбедување најсовремена здравствена заштита на пациентите со церебрална парализа кај нас.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте