spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион за изработка на Просторен...

МЖСПП: Состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион за изработка на Просторен план на РСМ

По повод изработката на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, завчера оствари координативна средба со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.

Истакнувајќи дека при креирање на просторниот план на национално ниво се земаат во предвид и политиките на регионите и општините, заменик министерката Оџаклиеска рече дека разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони ќе овозможи реално претставување на состојбите на терен и креирање на одржливи плански решенија,

– Само преку блиска соработка меѓу планските региони и општините кои во рамки на сопствените стратегии и планови ги изразуваат своите планови за иден развој на просторот, визијата за развој можеме да ја приближиме до реалноста во која сакаме да живееме и обратно и можеме да обезбедиме интегрален пристап во процесот на планирање на просторот додаде Оџаклиеска.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...