На иницијатива на советничката Сандра Пејковска, во работниот кабинет на градоначалникот се одржа состанок каде што тема на разговор беше планот за активности кои се содржани во Годишната програма за еднакви можности на жените и мажите во Општина Демир Хисар за 2022 година и можност за предлагање на нови идеи, во насока на ефективно спроведување на задачи и на квалитетно креирање, промовирање на локални политики за унапредување на положбата на жените.
Членот на Советот, Пејковска, ги поздрави присутните ѝ им се заблагодари за нивното учество во конструктивната дискусија, со што се стави посебен акцент во континуираното подобрување на жените во сите сфери на општественото живеење и заштита и спречување на дискриминацијата, но, покрај другото и, посочи дека целта на оваа средба е ѝ зајакнување на улогата на жената и кревање на гласот за рамноправност, и упати еден апел до сите институции повеќе да го актуелизираат тоа прашање и да се преземат сериозни чекори за надминување на половата дискриминација.
Пејковска, исто така, рече дека ова е почеток кон реализација на целокупната програма и настојувањето кон тоа да се формира Комисија за еднакви можности на жените и мажите во склоп на Советот, со утврдени задачи, обврски со статутот на единицата на локалната самоуправа.
.
.
Координаторот за еднакви можности на жените и мажите од редовите на општинската администрација, Даниел Станојоски, конкретно се осврна кон улогата, службените должности и задачи како координатор, односно јасно и концизно го образложи планот за активности од годишната програма, која е донесена едногласно на минатите седници на Советот, со што изрази благодарност до сите членови на Советот, како и до сите присутни на денешната средба која беше од суштинско значење за имплементација на мерките, предлозите и планираните активности.
Станојоски, ја истакна и круцијалната важност при давањето на предлози и мислења поврзани со еднаквите можности на локално ниво и посочи дека неопходно е да бидат воспоставени соодветни канали за проток на информациите меѓу сите субјекти, односно да се обезбеди квалитетна комуникација на координаторот со сите релевантни субјекти, во рамки на општината.
.
Градоначалникот Најдовски, во своето излагање истакна дека локалната самоуправа несебично и беспрекорно ќе ги поддржи сите идеи и замисли и дека во рамките на можностите ќе се спроведат низа на активности, преку свои надлежности и преку координација со многубројни локални фактори, ќе се преземат конкретни акции во корист на половата еднаквост, намалување на нееднаквостите и промовирање на вистинско еднакво општество.
На крајот од официјалниот дел, градоначалникот Најдовски, им додели по едно цвеќе на присутните жени, а по повод 8. Март – Меѓународниот ден на жената.
Извор: Општина Демир Хисар