spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Капија: Како партнер во проектот

Демир Капија: Како партнер во проектот

Општина Демир Капија, партнер во проектот “DEBATING THE FUTURE OF EUROPE AND CHALLENGING EUROSCEPTICISM: A JOURNEY INTO MEDIA LITERACY TO FIGHT EUROSCEPTIC NARRATIVES” – EU DEFENCE со свои претставници учествуваше на третиот состанок од овој проект во Риека, Р.Хрватска. На состаноците и работилниците беа присутни претставници од 20те партнери во проектот од кои што 7 се општини, додека 13ет се невладини организации и се од 18ет европски земји.

Во период од 21.02 2021 година до 24.02.2021 година се одржаа работни состаноци и  работилници на кои што се разговараше за зајакнување на капацитети, како личните исто така и колективните на секој партнер во проектот за одговорно реагирање при ширењето на  некомплетни и лажни вести преку различните видови на медиуми.

Проектот е со цел – покренување на дебата за намалување на евроскептицизмот т.е. справување со евроскептичните наративи и подобрување на медумската писменост.

Отворените демократски општества на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидатки  за членство во европската унија им овозможуваат пристап на своите граѓани до различни информаци, преку кои што граѓните можат да формираат свое мислење и став. На овој начин им се овозможува на граѓаните да учествуваат во јавни дебати за различни политички прашања. Меѓутоа многу често се случува преку медиумите, најчесто социјални мрежи на интернет, да бидат пласирани неверодостојни информации од секојдневието и политиката.

На состаноците се разговраше на кој начини и со какви методи треба да се пристапи кон поединци и групи, кои што се креатори и пласирачи на различни информации, а најчесто тоа се некредибилни информации. Заклучоците од состаноците се дека секој поединец, но и институција треба внимателно, со истражување и потврдување на факти за веста или информацијата да креира  став или мислење по основ на веста или информацијата.

 

 

 

 

Извор: Општина Демир Капија

Прочитајте