Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија 2 врби и 8 туи кај Пожарната станица во Тафталиџе на место на едно паднато дрво од минатонеделните снежни врнежи, а на улицата Народен фронт засадија 4 туи на местото на едно искршено дрво.
Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ продолжуваат посветено со мисијата секое паднато и исечено дрво да биде заменето со ново, а онаму каде што има услови да биде заменето со садење на повеќе садници.
Извор: Град Скопје