spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри од каналската мрежа

Илинден: Од почетокот на годината исчистени 4.000 метри од каналската мрежа

Редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали e еден од приоритетите на Општината во насока на овозможување непречен проток на атмосферските води, со цел спречување на настанување поплави и обезбедување на чиста животна средина како еден од условите за квалитетен живот на населението.

Во н.м Кадино е извршено машинско чистење на канал Шамак во должина од 1200 метри, а на барање на граѓаните на ул. „6“ машински се исчистени канали ендеци во должина од 350 метри и сисавци на канал Шамак во должина од 300 метри. Исто така, во должина од 350 метри машински целосно е исчистен каналот од ул. „532“ кон сисавец на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, а во кординација со ЈКП „Илинден“ на ул. „500“ во н.м Марино е извршено рачно чистење на канал ендек во должина од 300 метри.

Во тек е чистење на сисавци на канал Азмак во н.м Кадино, при што од предвидените 1000 метри исчистени се 350 метри. Согласно предвидената динамика во тек е чистење и на сисавци на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 1100 метри, од вкупно предвидените 1600 метри.

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, во рамките на Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на општина Илинден за 2022 година и Годишната програма на Општината, во координација со АД Водостопанство-Скопско поле Скопје, ЈКП ,,Илинден” и граѓаните од почетокот на годината досега исчистени се околу 4.000 метри отворени одводни канали.

Водениот надомест за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните како корисници на овие објекти од јавен интерес го плаќа Општината, така што за оваа намена од буџетот на општина Илинден за 2022 година издвоени се средства во висина од 4.205.520,00 денари.

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...