Одделението за инспекторат при општина Сарај, согласно обврските и законските должности од годишниот план, има засилено теренски надзор во повеќе насоки како што се во областа на дивоградба на објекти, узурпација и оштетување на државен имот и животна средина.
Од јануари 2022 година, единицата за инспекторат констатирала прекршување на законите и прописите на општина Сарај во некои населени места и изречени се соодветни мерки согласно законот.
Во некои случаи каде надлежностите се на централно ниво, информирани се институциите одговорни за понатамошна постапка против прекршителите на законот. Додека во случаите кога надлежностите ги врши општината, преземени се и изречени мерки како:
– Парична казна за полесни прекршоци, опомени за неповторување на прекршокот како и чистење на површините каде што се фрлал отпад и истиот е должен да го исчисти и одлага на соодветно место.
Во делот на градежништвото, некои градежни активности се стопирани, додека за оние кои не го почитувале решението на инспекторатот, преземени се мерки за уривање на објектите во изградба.
Сите претпријатија и физички лица кои се занимаваат со градежни активности и оние кои создаваат отпад од нивната дејност, било да е тоа ископ, уривање, малтерисување на објекти или други градежни активности, должни се почетокот на работите да го достават во согласно со закон да го пријават Единицата за инспекторат во општина Сарај.
Апелираме до сите жители на општина Сарај дека Единицата за инспекторат со сите свои капацитети ќе биде задолжена за следење на почитувањето на законот и регулативата на општината на целата територија и за сите прекршители на законот ќе бидат преземени соодветни мерки за правни или физички лица.
Извор: Општина Сарај