Согласно Годишната Програма за изработка на урбанистички планови во за 2016 година, Општина Сарај пристапи кон изработка и донесување на Урбанистичкиот план за село Крушопек, во општина Сарај(2018 – 2028).
Целта на Урбанистичкиот план за село Крушопек е да се создадат услови за просторен развој во ова рамничарско село за кое постои Општ акт за населено место Крушопек донесен со Одлука бр. 07- 61/5 од 08.02.2005 година, кој не е усогласен со постојната законска регулатива.
Со изработката на УПС Крушопек ќе се создадат услови за осовременување на условите за живот и работа, за подобрување на образовните и здравствените услуги, дневното снабдување, спорт и рекреација.
Извор: Општина Сарај