Со реконструкција на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро, на почетокот на градежната сезона, продолжуваме со подобрување на условите за развој на туризмот, како стратешка гранка за развој на Берово.
Во Кочани, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор, за реконструкција на улицата, со Стоименов ДООЕЛ Кочани и Центарот за развој на источно планскиот регион.
Проектот опфаќа реконструкција на улицата, во должина од околу 510 метри, со проширување на постојната коловозна лента за 1m.
Бенефит од истиот, ќе имаат туристите, посетители љубителите на природата, здравиот начин на живот, планинарите, семјејствата кои викендите и слободното време го поминуваат во природа, сопствениците на угостителски и сместувачки капацитети, како и производители на здрава храна и на сувенири.
Со проектот ќе се подобри инфраструктурата и пристапноста до објектите за развој на туризмот, во различни области и кои придонесуваат за побогата и разновидна туристичка понуда во рекреативна или спортска смисла во источниот регион.
Најповолниот економски оператор, се очекува да биде воведен во градба веќе следната недела.
Проектот се реализира преку Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за регионален развој за 2021/2022 и за истиот ќе бидат потрошени 4.344.320,00 денари.
Извор: Општина Берово