Почитувани,
Чувствувам обврска да апелирам за совесно и безбедно возење низ патиштата и улиците во општина Брвеница, во спротивно ќе ни се случуваат несреќи како во центарот на Брвеница за која искрено жалам.
Јас како Градоначалник, во консултации со надлежни лица предложив а Советот на 24.02 2022 година, едногласно прифати изработка на Основен сообраќаен проект за забавување на сообраќајот во општина Брвеница и за многу кратко време истиот ќе биде готов и доколку добиеме согласност од МВР, веднаш ќе донесам Решение за поставување на сообраќајна опрема за забавување на сообраќајот во населени места и пред училишта.
Тоа што со години не е направено а сега се прави за безбедноста во сообраќајот во општина Брвеница во никој случај не ја исклучува обврската да бидеме совесни и внимателни возачи и пешаци!
Извор: Општина Брвеница